реплицира (св. и несв.)
Се однесува на процесот применет во правењето на втор примерок од одредена слика, скулптура, или дело на стакло, на кои големината и изгледот на оригиналот се реплицирани и објектот е верно реконструиран во поглед на тоа што ги повторува процесите и техниките употребени од самиот автор во изработката на оригиналот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ми пријде човекот што ми реплицираше.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Масата еуфорично реплицираше: Животот го даваме, Трст не го даваме!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Додаток на конфузијата е и тоа што во литературата за Дишан термините „реплика“, „копија“ и „едиција“ се користат на различни начини и се однесуваат како на реплицирањето на редимејдите, така и на останатите дела.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)